Силни земјотреси во Мјанмар и во близина на Чиле

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Силен земјотрес утрово го потресе Мјанмар. Земјотресот бил со јачина од 5,3 степени според Рихтер, и се случил утрово нешто пред 5 часот.

Епицентрот бил на 36 километри од Мавлаик, град со околу 45.000 жители, додека бил почувствуван и во Индија.

Засега нема пријави за жртви или материјална штета.

Земјотрес со јачина од 5 степени го погоди и преминот Дрејк, водна површина помеѓу Јужна Америка и Антарктикот, а Чиле најпрво издаде предупредувае за цунами.

Иако првично беше објавено дека земјотресот е со јачина од 7,5 степени, нешто подоцна официјално беше објавено за 5 степени. Иако Чиле издаде предупредување за цунами, Нов Зеланд и САД соопштија дека нема закана за цунами.