Силниот ветер остави без струја 33 населени места во Молдавија

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Силниот ветер оштети далноводи во Молдавија и остави без струја 33 населени места во 10 области.

Специјализирани екипи ги отстрануваат дефектите, соопшти службата за итна помош. Локалните медиуми пренесуваат дека до изутринава 12 населени места во четири региони во државата се уште се без струја.

Спасувачите и пожарникарите беа потребни и за сечење паднати дрвја, расчистување на остатоци и гаснење на пожарите на сувата вегетација во Кишињев, Дрочија, Дондушен, Ниспорен, Килараш, Новоаненски, Хинчешт и други области.

Претходно, Државната метеоролошка служба на Молдавија објави жолт код за опасност поради силниот ветер. Налетите, според метеоролозите, достигнале брзина од 15-20 метри во секунда.