Силно невреме проследено со грмежи, молњи и обилни врнежи погоди повеќе региони во Грција, а според метеоролозите невремето ќе трае до петок.
Според тамошните медиуми, една жена загинала во удар од гром на островот Скопелос.
Невреме со силни врнежи ја погодило и Атина, додека пак на Халкидики врнежите биле проследени со град.
Екстремните временски услови се одразиле и на југот на Каламарија и Олимпија.
