Во раните попладневни саати, Кичево и околината ги зафати силно невреме проследено со пороен дожд и електични празнења.
Поради проблемите со затнати шахти и сливници и во делови од градот поради немање на атмосверска канализација, дел од сообраќајниците се претворија во вистински реки, сообраќајот се одвиваше доста отежнато, а на некои делови поради надојдената вода речиси беше невозможно автомобилите непречено да се движат.
Најтешка беше состојбата на пешаците за кои покрај силниот дожд закана беа и патничките автомобили кои се движат во нивна непосредна близина и при забрзаното движење автомобилите прават водена завеса од која пешаците се прскаат, а во повеќе случаи и целосно истуширани се враќаат дома.
После секој посилен дожд или невреме на површина излегува проблемот со затнатата атмосверска канализација или нејзин недостаток.
