Во петокот гостинка во емисија „Урбан таг“ на ТВ21 беше Симона Јовчевска, која од талогот на кафето креира уметност.
Таа вели дека цртањето со талогот од кафе започнало сосема спонтано, односно додека ги цртала чадорите многу често знаела четката во нејзиното кафе да ја стави наместо во водата со цел да земе друга боја.
„Веројатно тука се роди една идеја зошто да не пробам да нацртам од кафе, секако тоа не беше изводливо да се нацрта на чадор и тоа го применив на блок за скицирање. Првиот обид беше успешен, пробуди интерес и кај луѓето по објавување на првите слики на социјалните мрежи“, посочи Јовчевска.
Во продолжение погледнете ја целата емисија:
