Симовски ја претстави методологијата за спроведување на пописот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски денеска на прес конференција ја престави  Методологијата за подготовка, организација и спроведување на пописот во април.

Тој посочи дека истата е јавна и може да се види на  ТУКА.

Инаку, пописот треба да се спроведе од 1-ви до 21 април годинава.

Пред некој ден претседателот Стево Пендаровски излезе со предлог за тоа да се одложи пописот за еден/два месеци, додека пак премиерот Зоран Заев се согласи со ставот и посочи дека тој е спремен за одложување.

Опозицијата останува на ставот дека пописот треба да се одложи, а тие формално и започнаа со Иницијатива за укинување на Законот за попис.