Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски вечерва на прес-конференција кажа дека пописот бил успешен и дека останува само оние кои одбиле да се попишат или не биле затекнати во своите домови.
„Вечерва успешно заврши пописот. Оваа статистичка операција беше неопходна. Сите честитки и благодарност до вработените на ДЗС, комисиите на пописните реони, до медиумите, донаторите, невладините организации, но пред се огромна благодарност до сите граѓани кои ја сфатија сериозноста на пописот.
Со пописот се попишани 1.832.696 лица. 568.175 домаќинства, 837.255 станови.
Онаму каде што неколку пати не беше воспосставен контакт, беа повикани да се попишат во општините. Но, во обработката на податоците ќе ги имаме и нив, така што сите ќе бидат опфатени во оваа статистичка операција.“, рече Симовски.
