Симулација на вакцинација утре во 11 часот во „Борис Трајковски“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Како ќе изгледа процесот на масовна имунизација во спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе дознаеме утре откако Министерството за здравство ќе спроведе симулација.

Таа е закажана за 11 часот во спортскиот центар „Борис Трајковски“.

На настанот ќе присуствува и министерот за здравство, Венко Филипче.

ТВ21 во живо ќе го пренесува овој настан на своите социјални мрежи и веб страници.