Син на поранешен функционер повикан во полиција поради оддавање на службена тајна

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Денеска бил приведен син на поранешен екс функционер, јавува репортерот на ТВ21.

Според информациите, лицето било приведено поради кривично дело „Оддавање службена тајна“, но потоа веднаш било пуштено на слобода.

ТВ21 дознава дека се работи за лице со иницијали Ќ.Б.

„Лицето за кое прашувате на 28.12.2024 беше приведено, при што во полициска станица беше извршен службен разговор во врска со кривично дело Оддавање службена тајна, одземен му е мобилен телефон, по што по насока на ОЈО лицето е ослободено“, вели портпаролот Гоце Андреевски за ТВ21