Синдикалната кошница во јуни 68.654 денари, со кирија надминува 84 илјади

НАЈНОВИ ВЕСТИ

И покрај малото намалување во однос на претходниот месец, потребните средства за покривање на основните животни трошоци и понатаму остануваат високи. Според пресметката на синдикалната минимална кошница, во јуни 2026 година на едно домаќинство му биле потребни 68.654 денари за основните месечни потреби.

Во споредба со мај, кога вредноста на кошницата изнесувала 68.742 денари, има намалување од 88 денари.

Најголем дел од семејниот буџет и овој месец се одвојува за храна и пијалаци. За оваа категорија се потребни 25.120 денари, што претставува 36,6 проценти од вкупните трошоци.

Следуваат расходите за образование со 7.192 денари, облека и обувки со 6.511 денари, како и трошоците за станарина, вода, електрична енергија и греење со 6.379 денари.

За рекреација и култура семејствата месечно треба да издвојат 5.592 денари, за транспорт 5.089 денари, додека за ресторани и хотели се пресметани 4.131 денар.

Дополнително, трошоците за комуникации изнесуваат 3.677 денари, за лична хигиена и одржување на домот 2.667 денари, за здравје 1.196 денари, а за останати стоки и услуги 1.100 денари.

За домаќинствата кои живеат во изнајмен стан од 60 квадратни метри, синдикалната минимална кошница е значително повисока и достигнува 84.024 денари месечно.

Во оваа пресметка, само трошоците поврзани со домување, вода, електрична енергија и греење изнесуваат 21.754 денари, што претставува значителен дел од вкупните месечни расходи.