Синдикатот со тужба за Министерството за култура – Лазовски: Работиме во откочување на проблемот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерството за култура според синдикатот постојано бара начини како да се пролонгира Колективниот договор кој беше оценет како историски чекор во оваа дејност. Од таму велат дека и покрај рокот од шест месеци, безбројните состаноци и притисоци, се уште немаат никаква информација што се случува со платите на вработените во култура, ниту пак се исплаќаат истите.

„Гледаме дека Министерството ниту одговара ниту таму во министерството некој превзема одговорност за ситуацијава која што и тоа како е сериозна затоа што со пролонгирањето на платите се прекинува и здравственото осигурување на 3000 луѓе во моментов во време на пандемија. Поради тоа синдикатот планира тужбата да ја спроведеме во реалност затоа што со оваа состојба веќе имаме прекршување на колективниот договор каде што Министерството за култура е обврзано до десетти следниот месец да ја исплати платата за претходниот месец. Советот на СКРМ одлучува за поднесувањето на тужбата, значи штом таа одлука ќе ја имаме од советот, таа ќе биде спроведена.“, изјави Павловски.

ТВ 21 успеа да го исконтактира заменик министерот за култура, Владимир Лазовски, кој рече дека одложувањето на платите се должи на кризата предизвикана од Ковид-19.

„Работиме на проблемот да ги откочиме сите работи и дека бевме затекнати со пандемијата, едноставно финасиите се во прашање. Да, тоа ќе биде веднаш со назначувањето на новиот министер, т.е. министерка.“, вели Лазовски.

Според колективниот договор културните работници зголемени плати требаа да имаа до 10 август и истите требаше да се пресметаат само со новиот договор бидејќи секој друг договор со културните институции е суспендиран со стапувањето на сила на овој договор. Од Синдикатот за културни го поздравуваат изборот на новата министерка, Ирена Стефоска надевајќи се дека во иднина состојбата драстично ќе биде подобрена.