Синоќа пукање во скопско Варвара, едно лице со повреди пренесено во болница

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На 26.05.2025 во 21.16 часот во СВР Скопје, З.Д.(30) од с.Цветово, скопско, пријавил дека во с.Варвара, скопско, по претходна расправија со Е.Б. и Р.Б., двајцата од с.Елово, скопско,  Е.Б. пукал кон него и му нанел повреда во ногата. Потоа З.Д. бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Се преземаат мерки за  расчистување на случајот.