Синот на Мијалков над 7 часа во полициска станица

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Повеќе од седум часа еден од синовите на Сашо Мијалков се наоѓа во полициската станица „Пролет“ во Кисела Вода, а прашањето на кое се чека одговор е едно: Каде се наоѓа неговиот татко?

Александар и Јордан Мијалкови денеска пристигнаа во полициската станица, откако Министерството за внатрешни работи им испрати порака дека треба да дојдат на информативен разговор во врска со бегството на неговиот татко.

Не само тие, туку и нивната мајка, чичко и лица кои го обезбедувале Сашо Мијалков со часови одговараа на прашата поставени од инспекторите во полициската станица.

Пред полициската станица во Кисела Вода вечерва извршен беше претрес на автомобил марка „Голф“. При претресот беа одземени неколку „Ајфон“ мобилни телефони, актовки со документи, а откако заврши претресот повторно се вратија во полициската станица на дополнителен распит.

Од вчера попладне, Мијалков е недостапен и полицијата не успеала да му го врачи решението за куќен притвор, што како мерка на претпазливост, на барање на обвинителството го донел Кривичниот суд. Министерството за внатрешни работи првично објави национална, а попладнево и меѓународна потерница за Мијалков. Во меѓувреме, во полициска станица на инфромативен разговор се повикуваат членови на семејството на Мијалков и неговото обезбедување.