Скандал во битолската Клиничка болница, гинеколог без лиценца породил трудница

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Гинеколог, државјанка на Белград, Србија, на 1-ви јануари годинава се појавила во операциона сала во Клиничката болница во Битола, откако тоа го дозволил нејзиниот сопружник, кој бил редовно вработен.

Без соодветна лиценца за работа, извршила породување со царски рез.

„А. В (33) од Белград, Р.Србијa, сопруга на првопријавениот, заради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело “Надрилекарство“ по чл. 209 и кривично дело “Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ по чл. 206 од КЗ на РМ.“, велат од МВР.

Кривични пријави МВР поднесе и за двајцата гинеколози кои тој ден биле на работа.

Ова се случувало на 1-ви јануари 2021 година, кога во Битола се случи бејби бум, односно беа родени 10 бебиња од кои 8 во Клиничката болница.

Директорката на Болницата, вели дека гинеколозите се суспендирани.

„За двајца од вработените, како одговорни оператори во сала и дежурни донесено е решение за времено отстранување од работа, поради започната дисциплинска постапка со цел непопречување на процесот на постапката на Дисциплинската комисија.“, вели Билјана Гагачовска, директорка на Клиничка болница битола.

По завршувањето на интервенцијата, првопријавениот во оперативниот дневник внел невистинит податок, односно во графата податоци за оператор, ги внел своите податоци и податоците на второпријавениот, а од стариот оперативен дневник отстранил страници на кои третопријавената ги запишала извршените оперативни интервенции на 01.01.2021 година.
На редакцијата на ТВ21, познати и се имињата на гинеколозите, но поради презумција на невиност истите во овој момент нема да ги објавиме.

Семејството задоволни од операцијата и нивниот жив и здрав син, случајот не го пријавиле, а полицијата за ова дознала преку колеги на гинеколозите кои исто така биле на работа.