Скендер Реџепи: Нож во грб беше средбата помеѓу Арјанит Хоџа и Арбен Таравари

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Скендер Реџепи – Зејди од Алтернатива вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека нож во грб била средбата меѓу Арјанит Хоџа од Беса и Арбен Таравари, градоначалник на Гостивар.

„Средбата помеѓу Арјанит Хоџа и Арбен Травари без да го информира коалициониот партнер и притоа знаејќи ги како внатрешно стојат работите за нас беше повеќе од нож во грб. Се среќаваат генералните секретари на двете партии, едниот вика ние јадевме ручек, другиот вика пиевме кафе, ние не знаеме дали пиеле кафе или јаделе ручек, но едно со сигурност знаеме, работеле на проект кој не оди во корист на Алтератива. Најмалку што требаше е да не викне нашиот коалиционен партнер на разговор, да не информираат за намерите, да седнеме и да разговараме, па да пробавме да најдеме решение. Тоа што се направи од многуте партиски структури се оцени како штетно“, посочи Реџепи.