Пратеникот од пратеничката група на Еврпски фронт и лидер на партијата Движење „Попули“ Скендер Реџепи Зејди, на социјалните мрежи порача дека нема да гласа за измените во Законот за прекршоци со кои се опфаќа и проектот „Safe City“. Тој во ФБ статус ги наведе причините за неговата одлука.
Ние сме за безбедноста на граѓаните, но проектот „Safe City“ е несоодветен за реалноста на нашата држава, казнен, дискриминаторски и противуставен.
Несоодветен е, затоа што патиштата и инфраструктурата во вклучените градови се под секој европски стандард и не создаваат реални услови за правична примена на овој систем.
Казнен е, затоа што вистинската цел на Владата не е безбедноста на граѓаните, туку пополнување на буџетските празнини преку казни.
Дискриминаторски е, бидејќи не е опфатена целата држава, туку само неколку одредени градови, со што се создава нееднаков третман на граѓаните.
Противуставен е, затоа што во трите вклучени градови — Скопје, Куманово и Тетово — албанскиот јазик е службен јазик, а Владата дозволила софтверот на проектот да биде подготвен само на македонски јазик.
Ова прекршување претставува сериозна правна одговорност, бидејќи корекцијата на софтверот ќе бара дополнителни буџетски трошоци, кои повторно ќе паднат на товар на државниот буџет и на даночните обврзници.
