„Ова е зоната каде што се изведуваат градежните активности за автопатот Скопје-Блаце. Двата први километри се уште не се завршени, а интензитетот на работата може да се види од следните снимки“, вели репортерката на ТВ21.
Иако првиот дел се уште не е готов, првиот вицепремиер Артан Груби на неговиот Фејсбук профил објави видео за завршниот проект од граница до обиколницата, додавајќи дека веќе се во фаза на подготовка на тендерот. Проектот предвидува автопатот од едната страна да има 6 тунели, а на другата 5. Должината на тунелите ќе изнесува околу 2.2км.
За одолговлекувањето на работите, директорот на ЈП Државни патишта, Ејуп Рустеми зборуваше во Клик Плус на 21 септември.
„Кога нешто не функционира, кога не дава доволно придонес, кога не се ангажираш 100% во овој процес…Но за тоа сте платени. Кога не даваш максимум и ние кои го даваме максимумот за да ги реализираме сите ветувања на нашиот градоначалник, некогаш се случува и покрај трудот што го вложуваш, да настанат реални проблеми кои не можеме да ги надминеме, проблеми кои треба да се реализираат и се реални. Кога зборуваме за градење такви патишта, треба да имаме предвид како се проектирани, каков проект имаме и каква ќе биде нивната реализација“, посочи Ејуп Рустеми.
Последното ветување од надлежните е дека првиот дел ќе заврши во март 2023.


