Скопје го одбележува 13 Ноември – Денот на ослободувањето

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Денеска Скопје го одбележува 13 Ноември – Денот на ослободувањето во Втората светска војна. Градски власти најавија дека ќе положат венци пред Споменикот на ослободителите на Партизанските гробишта во Бутел, на Алејата на заслужните граѓани на гробот на генералот Михајло Апостолски, како и пред споменикот на Ослободителите на Скопје пред владината зграда.

Град Скопје вечерва ќе го одржи традиционалното доделување на наградите 13 Ноември во МОБ.

На овој во 1944 година е дочекана слободата во Скопје, откако 42-рата и 50-тата народноослободителна дивизија на македонската војска и 16-тата Македонска бригада по неколкудневни борби со фашистичкиот окупатор, го ослобдиле градот.

Се воделе улични борби на булеварот „Илинденска“, кај главната пошта, Офицерскиот дом, Народната банка и кај Старата железничка станица.

Македонските борци ја спасиле хидроцентралата „Матка“ од минирање и разурнување, а невооружени цивили со својот живот го бранеле Камениот мост од разурнување, настани кои се врежани во спомените на учесниците во борбите и кои се пренесени како сведоштва во многу книги и фотографии на кои се гледа радоста на скопјани при пречекувањето на ослободителите во центарот на градот.

Во борбите за Скопје загинале 426 борци. Бројот на цивилните жртви е непознат.