Скопје се чисти: Кејот на Вардар добива нов сјај

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на својот Фејсбук профил сподели видео од тековните активности за чистење на градот, како дел од ветувањето за темелно уредување на Скопје во првите 72 часа од преземањето на мандатот.

„Скопје го правиме заедно, ви го дадов мојот збор! Се чисти кејот на реката Вардар, се поставуваат украсни канделабри на плоштадот ‘Македонија’. Најдоброто доаѓа!“, објави Ѓорѓиевски.

Акцијата започна завчера вечерта, веднаш по примопредавањето на функцијата од поранешната градоначалничка, и како што најави градоначалникот, ќе трае до утревечер.

Во моментов, механизација и рачни екипи ги чистат коритото и косините на Вардар, отстрануваат кабаст отпад, пластични шишиња и земјен материјал од централниот дел на кејот, како и го празнат ѓубрето од контејнерите.

Во акцијата се ангажирани луѓе и опрема од комуналното претпријатие на Скопје, како и механизација и екипи од ЈП „Улици и патишта“ – Скопје.