Скопје се гуши во чад – дрва за огрев чинат околу 100 евра, некои горат и гуми

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Скопје се гуши во чад. И во оваа грејна сезона се пали се што може да гори. Во криза со снабдување со горива, многу граѓани избраа да се греат на некои други материјали, кои исто така се забранети поради загадениот воздух. ТВ21 посети неколку складишта каде се продаваат дрва, каде велат дека и продажбата е намалена. Сепак, огревното дрво е еден од начините за затоплување без да се предизвика загадување.

„Ние сме во екот на грејната сезона и овде во Скопје најмногу се греат на дрва, но кубик дрва за огрев достигна 5 илјади денари и според граѓаните е прилично скапо и не секој го има луксузот да се грее на дрва“, вели репортерот на ТВ21.

Во општина Шуто Оризари жителите велат дека метар кубен исечено и исцепено дрво достигна 6 илјади денари и немаштијата ги натера граѓаните да бараат други  алтернативни начини. Дел од граѓаните велат дека палат и гуми и пластика бидејќи не можат да си дозволат да купат дрво за огрев.

Еколошките здруженија велат дека еден од најочигледните фактори на загадувањето на воздухот е согорувањето на фосилните горива за греење, но и палењето пластика и гуми. Екологистите апелираат да се подигне колективната свест да не се греат со загадувачки материјали, но и надлежните да ги зголемат контролите на терен за да се спречат ваквите појави.