На скопскиот плоштад се собира помош за погодените од разорниот земјотрес во Турција.
Граѓаните донираат разни намирници, а организаторите велат дека досега се задоволни од текот на акцијата. Порачуваат дека најголема потреба има од зимска облека.
„Сите заедно собираме помош. Прекривки, ракавици, зимски јакни. Не ни треба храна, тука сме до сабота“.
-Најмногу барате облека?
„Најмногу бараме зимска облека“.
-Кога ќе ја испратите собраната помош во Турција?
„Денеска ќе оди еден камион, ќе дојдат и од Гостивар, Тетово и други градови“.
„Студентите од Турција од Балканскиот универзитет побараа помош и јас им помогнав“.
-Што точно барате?
„Најмногу облека, млеко, пелени затоа што и да имаат пари не можат никаде ништо да купат“.
-Дали барате храна?
„Да, само конзервирана“.
Од Црвен крст велат дека се обезбедени 10 милиони денари финансиска помош, како и пакети храна со цел да ѝ се излезе пресрет на Турција.
Покрај оваа помош од хуманите граѓани, донации за Турција собра и Владата, Град Скопје и неколку општини во земјава.
