Скопската зоолошка објави дека од денеска се приклучуваат во хуманитарната акција со цел сите заедно да им помогнеме на лицата кои поради пожари, кои ја зафатија Македонија, останаа без своите домови.
Од таму велат дека од денес поставен е пункт пред влезот на зоолошката, каде што од 09:00-20:00 секој ден до вторник ќе може да се донира средства за лична хигиена, вода, сокови, ладни чаеви, конзервирана храна.
Сите овие продукти ќе бидат однесени онаму каде што е најпотребно во моментот.
