Скоро 9 месеци од денот кога се доставени доказите, односно форензичко вештачење направено во Србија, извештај во кој се вели дека Реџаил Ќерими и Агим Ислами немаат никаква врска со лицата кои го убија полицаецот од единицата Алфа, судскиот систем никако да ги процесира предметот и експертизата.
Од Кривичен суд велат дека случајот е во Апелационен суд и затоа тие не можат да постапуваат по предметот.
„Предметот сè уште е на надлежно постапување во Апелациониот суд Скопје, а кога ќе биде вратен во првостепениот суд веднаш ќе биде доставен на мислење во надлежното Обвинителството, за што се известени и странките во постапката“, велат од кривичен.
Внатрешни извори од Кривичен суд за ТВ21 велат дека предметот е заглавен поради тоа што судијата кој го води предметот беше ковид позитивен и сè уште не е вратен на работа.
„Уште не е парафиран од судијата (кој е ковид позитивен) ако биде отсутен уште кратко, тогаш тој ќе постапува (согласно АКМИС распределбата), а ако најави некакво подолго отсуство тогаш друг судија ќе постапува по предметот“, велат внатрешни извори од суд.
Предметот сè уште не е испратен до Обвинителство на мислење за новите доставени докази, ниту до Бирото за вештачење, а Агим Ислами веќе е единствениот кој остана во затворот Идризово, осуден на доживотен затвор и чека судот да одлучи за неговата судбина.
Реџаил Ќерими почина во затворот Идризово чекајќи одлука за повторно судење за случајот Алфа, Апелационен и Кривичен суд и Обвинителството не направија ништо за забрзување на предметот.
Скоро 9 месеци од денот кога се доставени доказите, односно форензичко вештачење направено во Србија, извештај во кој се вели дека Реџаил Ќерими и Агим Ислами немаат никаква врска со лицата кои го убија полицаецот од единицата Алфа, судскиот систем никако да ги процесира предметот и експертизата.
Од Кривичен суд велат дека случајот е во Апелационен суд и затоа тие не можат да постапуваат по предметот.
Предметот сè уште е на надлежно постапување во Апелациониот суд Скопје, а кога ќе биде вратен во првостепениот суд веднаш ќе биде доставен на мислење во надлежното Обвинителството, за што се известени и странките во постапката.
Внатрешни извори од Кривичен суд за ТВ21 велат дека предметот е заглавен поради тоа што судијата кој го води предметот беше ковид позитивен и сè уште не е вратен на работа.
Уште не е парафиран од судијата (кој е ковид позитивен) ако биде отсутен уште кратко, тогаш тој ќе постапува (согласно АКМИС распределбата), а ако најави некакво подолго отсуство тогаш друг судија ќе постапува по предметот.