Следен предизвик е Kазахстан – храбро издание на Македонија во Скопје

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Македонската фудбалска репрезентација ја продолжи добрата форма и уште еднаш покажа дека може да се носи и со најсилните.

Синоќа, на арената „Тодор Проески“, Македонија одигра храбро реми 1-1 против Белгија – резултат што ќе добие дополнително значење, ако го победиме Казахстан на гости во понеделник.

Но, бодот против Белгија ќе вреди само ако го освоиме целиот плен кај Казахстан. Нè очекува тежок натпревар против селекција со која првпат играме квалификациски меч.

Последната средба со нив беше пријателска – во 2021 ја добивме со 4-0.