Следната недела забрзан процес на имунизација, до крајот на летото голем број граѓани ќе бидат вакцинирани

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Благодарение на денешната пратка на вакцини, веќе во текот на наредната недела значително ќе се забрза процесот на вакцинација на територијата на целата држава. Од Министерството за здравство информираат дека се очекува вакцинација на 15.000 до 20.000 граѓани на ден, а за брзо време ќе се вакцинираат сите 180.000 пријавени граѓани.

„Со процесот на имунизација досега и вакцинирањето на голем број граѓани покажуваме одлични резултати во намалувањето на боројот на новозарзени со ковид-19, и на хоспитализирани граѓани, за што говори фактот дека сите ковид центри низ државата се празни, а мал е бројот на хоспитализирани пациенти и на Инфективната клиника. Изразувам голема благодарност до Владата на Народна Република Кина и кинескиот народ за поддршката која ни ја дадоа во борбата против корона вирусот“, вели Иванка Стојаноски.

Според министерот Филипче, вакцината Синовак е одобрена од СЗО, ефикасна и целосно безбедна за користење.

Високо ефикасна е за превенција на тешка болест. Препорачана за употреба кај бремени жени кога придобивките од вакцинацијата за бремената жена се поголеми од потенцијалните ризици, како и кај доилки, напиша на својот фејсбук профил Филипче

Во петокот, во земјава стасаа 100.620 дози вакцини „Фајзер“, набавени преку Ковакс механизмот. Со овие пратки од понеделник ќе продолжи масовната вакцинација на населението која беше прекината оти немаше вакцини. Од министерството велат дека до крајот на летото голема бројка граѓани ќе бидат вакцинирани.