Во наредниве денови ќе се одлучува дали ќе има казни за гостите кои не поседуваат сертификат за вакцинација, а се затекнати во угостителски објект.
Од Министерството за здравство за ТВ21 велат дека во следниве денови ќе се носи и одлука како ќе бидат спроведени новите рестриктивни мерки и кој точно ќе легитимира дали граѓаните имаат сертификат за вакцинација.
„Угостителските објекти може да бидат казнети заради непочитување на мерките во делот на бројот на гости и одржување на собири на истиот начин како и досега. Казни за гости кои немаат сертификат, а се затекнати на местото како и дали ќе има за угостителите ќе се одлучува во следните денови. Во овој период ќе зајакнат контролите и инспекциските служби и апелираме граѓаните да ги следат овие препораки и мерки“, истакнуваат од МЗ за ТВ21.
