Следува дождливо време, во петок и понеделник поројни врнежи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираа за времето во следните денови. Од таму напоменуваат дека следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд.

„Во петок и понеделник врнежите ќе бидат поројни со услови за појава на грмежи, а во понеделник наместа и пообилни. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец, кој ќе надминува брзина од 70 km/h“, велат од УХМР.