„Белиот стап“ е симбол на слепите лица. Денеска оваа катергорија на граѓани го обележа денот на „Белиот стап“ кој е нивен службен симбол. Во Кичево има околу 100 слепи лица или со оштетен вид кои го слават овој ден секоја година. Сепак во овој град тие имале канцелатија со несоодветни услови и од 2019 година ја немаат ни таа канцеларија.
„Не, не, старата канцеларија веќе не постои од 2019 и актиностите ги одржуваме во Црвен Крст. Сега ни дадоа ветување за кај старат општина да ни дадат канцеларија, од Градоначалникот имаме ветување“, порача Зендел Зилбеари.
Градоначалникот Фатмир Дехари стои зад оваа ветување веќе со години, уверувајќи дека канцеларијата за оваа категорија на граѓани е во процес на реновирање и ќе им се даде наскоро.
„Им ветив и на НВО, во тек е реновирањето на другите делови на објектот на општина Кичево, во овој случај во тек е реновирањето на стариот објект на општинатта, вчера, завчера имав состанок и со господинот Зендел со претседателот на Здружението и на крајот на реновирањето на стариот општински објект, канцеларијата ги чека“, вели Фатмир Дехари.
Треба да се истакне дека оваа категорија на граѓани се соочува со недостиг на услои не само на локално ниво, туку и на државно ниво. Тие се во опасност и на улица и немаат доволна поддршка за јавен транспорт. Сепак и покрај тоа што имаат книшки со кои им се дозволува да патуваат, дел од компаниите за превоз не ги земаат предвид освен една.
„Има книшки но тие се користат шест пати годишно со се придружбата. Но не ги земаат предвид сите компании освен Галеб. Реагиравме во Министерството за транспорт и врски и вршат верификација бидејќи имало злоупотреби бидејќи едно лице земал три или четири книшки и ги користел цела година“, вели Зејно Бајрами.
И месечната финансиска помош кои овие лица ја земаат од државата е многу ниска, а тие кои се грижат за нив земаат минимална сума. Поради оваа причина тие бараат подобри услови и инфраструктурни но и финансиски. Инаку не постои ни соодветен пазар на трудот за оваа категорија на граѓанин со цел да им се овозможи да бидат економски независни.