Слон уби турист во Јужна Африка

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Шпански турист почина откако бил прегазен до смрт од слонови во резерват за диви животни во Јужна Африка. Додека се обидувал да фотографира, слоновите го прегазиле, а потоа бил пренесен во болница каде им подлегнал на повредите.

Не обрнувајќи премногу внимание на предупредувањата и молбите на своите сопатници, човекот едноставно излегол од својот автомобил во Националниот парк Пиланесберг во неделата, сакајќи да пријде на група возрасни слонови и нивните младенчиња за да ги фотографира, но потоа се случил инцидентот.

„Посетителите на паркот треба да бидат свесни за фактот дека тука живеат диви животни и не можете само да излезете од вашето возило и да одите до животно“, изјави службеник на паркот.