Вториот македонски преставник во СЕХА лигата, Макс Струмица, полека почна да станува „топовско месо“ за екипите во регионалното натпреварување. Како поинаку да се опише високиот пораз на гостувањето кај Татран во Прешов со преубедливи 44:18.

Со двајца голмани и осум играчи од кои двајца млади, струмичани вода со 2:3 во 5.минута, потоа се беше во знакот на домашните ракометари. При 5:4, серија од 8:0 за Татран, за 13:4, па до крајот на полувремето само рутински зголемија на 27:12.

Во вториот дел, Струмица непостигна гол до 42.минута, кога веќе беше 34:13. До крајот, уште неколку голови на домашните кои си поигруваа со струмичани, за конечни 44:18. Поразителен факт е тоа што Струмица постигна само 6 голови во вториот дел.

Ветеранот Радослав Антл, беше најдобар на мечот со 17 голови од 18 обиди, додека кај Струмица, најдобар, ако воопшто може да има таков, беше Ален Куленовиќ со 6 голови.