Случај „Фатмир Лимани“ – Ќоку: Министрите на ВЛЕН ги предлага ВЛЕН

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Беким Ќоку од коалицијата ВЛЕН во „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека министрите и функционерите од ВЛЕН се на тие позиции затоа што ги предложил ВЛЕН.

Беким Ќоку: „Јас го поддржувам принципот. Принципот е овој – министрите и функционерите на ВЛЕН ги предлага ВЛЕН. И министрите што се таму, како и сите функционери, се таму затоа што ВЛЕН ги предложил.“

ТВ21: Значи премиерот нема право кога вели дека е мандатар?

Беким Ќоку: Тој е мандатар. Не е или вака или така – двете работи одат заедно. Постои одреден консензус, има разговори, ти предлагаш, седнуваш со премиерот, се разгледува кандидатурата и доколку премиерот нема пречки тој предлог да биде именуван и поставен на таа функција. Така било и така е, не само кај ВЛЕН, туку и кај ЗНАМ. Треба да бидат задоволни и предлагачот и мандатарот, затоа што станува збор за тим.

ТВ21: Во моментов предлагачот е незадоволен, господине Ќоку?

Беким Ќоку: Сега треба да се разговара. Ќе седнеме и ќе дискутираме кое е најдоброто решение, бидејќи станува збор за тимот на Владата. Не се работи ниту за Движењето БЕСА, ниту за премиерот, туку за коалицијата, за Владата и за интересите на целиот тим.