Со исказите на вештаците во судот во Струга продолжи судењето за родилката од Дебар. Докторката Билјана Јаневска беше на распит кај обвинителот, при што бранителот рече дека во медицинската документација нема докази или податоци дека на родилката и бил извршен гинеколошки преглед за да се види каде губи крв, за потоа да се извршат хируршки интервенции. И во двете вештачења се вели дека изутрината биле направени посети, но во документацијата или лекарскиот извештај не пишува дека имала крварење. Лекарката вели дека немаат податоци дека е направен преглед, но ниту тврдат дека не е направен. И вториот факт дека левата бубрежна артерија е оштетена при царски рез, бидејќи никогаш не била дијагностицирана со болести на крвните садови што би довело до спонтано пукање на артеријата. Незадоволен од денешното рочиште е и адвокатот на оштетената, кој вели дека по голема веројатност е јасно во кој правец се движат работите.
Јалдиз Веапоска, родилка која тврди дека и се извадени неколку органи, вели дека на ова рочиште и во вештачењето се зборувало само за еден отстранет орган, а таа потсети дека има уште три органи кои не се опфатени со вештачењето.
Обвинети се екс директорот на болницата во Струга, Мухамед Асани, кој е разрешен токму поради овој случај. Второобвинет е неговиот син Блертон Асани, лекар специјалист по гинекологија и третообвинета лекарката Лилјана Јованоска. Тие се товарат за тешко кривично дело против здравјето на луѓето. Следното рочиште е на 10 јули во 10 часот.
