Слушнете како звучи Марс – НАСА ја објави единствената аудио снимка

НАЈНОВИ ВЕСТИ

НАСА објави прва аудио снимка од пробниот лет на мини хеликоптерот „Инџенуити“ на Марс изведен на 30 април, соопшти американската вселенска агенција.

Звукот на хеликоптерот едвај може да се слушне затоа што е тежок 1,8 килограми, и беше оддалечен повеќе од 80 метри од микрофонот.

Налетите на ветерот го „пригушија“ звукот на хеликоптерот.

Ова е прва аудио снимка на летото до Марс, но иако едвај се слуша, претставува „многу убаво изненадување“ – рече научникот Дејвид Мимун.