Смеењето на Ковачевски на шегата на Рама – ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од премиерот, а СДСМ од Мицкоски

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Смеењето на премиерот Димитар Ковачевски и тоа што не постапи поинаку во однос на шегат ана премиерот на Албанија, Еди Рама, според опозициската ВМРО-ДПМНЕ е “срам на меѓународната арена“, затоа освен извинување бараат Ковачевски да си поднесе оставка.

Но од партијата на премиерот, СДСМ, сметаат дека токму Мицкоски треба да си даде оставка бидејќи, како што велат, едно зборува дома, а друго кога е надвор од земјава. Го спомнаа неговото учество на Конгресот на европските народни партии каде според СДСМ, е усвоена резолуција која ги поддржува ставовите на Бугарија и е спротивна на усвоената Декларација во Собрание за позициите и црвените линии на Македонија.

Социјалдемократите ова го нарекоа дволичност на Мицкоски што според нив ги минира државните позиции во клучни моменти за европската интеграција а од друга страна продава лажен патриотизам. Но според ВМРО-ДПМНЕ последниот настан со Ковачевски во Солун каде го нарекоа “иден премиер на Западна Бугарија“ е многу поголема причина граѓаните да излезат на протестот на 18 јуни. Инаку од Кабинетот на премиерот Рама појаснија дека зборовите на албанскиот премиер всушност се “сарказам со Бугарија и иронија со ЕУ“.