Смеете ли да конзумирате кафе додека пиете антибиотик?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Мешањето на кафе и антибиотици може да доведе до некои несакани појави, и да влијае на делувањето на вашиот лек.

Антибиотиците се врста на лекови кои се користат за лечење на бактериски инфекции, но некои од овие лекови може да влијаат врз вашето тело во комбинација со кофеин.

На пример одредени антибиотици може да го спречат вашето тело да го разгради кофеионот, што може да го засили внесувањето на кофеин.

Мешањето на кофеин и антибиотик може да доведе до симптоми како анксиозност, забрзано чукање на срцето и проблеми со спиење. Експертите советуваат доколку можете, воздржете се од кафе додека пиете антибиотици, а ако не, тогаш конзумирајте го во мали количини.