Снабдувањето со струја во Шпанија се нормализира

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Шпанскиот оператор Ред Електрика денеска соопшти дека до 5 часот по локално време повеќе од 92 отсто од потрошувачите биле снабдени со струја, а сите трафостаници биле под напон.

Како што се наведува, целосно нормализирање на снабдувањето со електрична енергија се очекува во наредните часови, пренесува Паис.

Големи делови од Шпанија и Португалија останаа без струја синоќа наутро, а во Шпанија најголеми проблеми имаше во железничкиот сообраќај, бидејќи стотици луѓе ја поминаа ноќта на станиците.