Некои линии на метрото во Лондон денеска беа во прекин и имаше долги застои откако снема струја.
Вработените на станицата Ковент Гарден ги информираат патниците дека целото лондонско метро е во застој поради прекин на електрична енергија. Патниците биле евакуирани од неколку станици, меѓу која и Тотенхем Корт Роуд.
Портпаролот на ТФЛ (Транспорт за Лондон), изјави дека четирите линии Бејкерлу, Нортерн, Џубили и Елизабет биле во краток прекин со електрична енергија.
Причината за недостатокот на енергија и натаму не е позната.
