Снема струја за време на говорот на Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува власта: Се плашат од нашите постигнувања

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Организираа настан по повод 100 дена од мандатот на нивните градоначалници.


Во моментот кога беа пуштани видео снимките од градоначалниците во врска со сработеното во првите 100 дена, имаше прекин на електричната енергија.
По кратко време се запалија светлата во големата сала и сите ракоплескаа.


Без да губи многу време, за отчет во в рска со општините, на сцена се качи лидерот на партијата.
Во моментите додека тој зборуваше, имаше прекин на струјата, но Мицкоски не го запре говорот.
Рече дека кадрите на ВМРО-ДПМНЕ уште на првиот ден почнале со работ а, почнале дури и со реализација на проекти.

За време на неговата презентација, екранот зад него работеше со прекини. Веднаш по завршување на настанот, од ВМРО-ДПМНЕ ја обвинија власта за прекинот на електрична енергија во моментот кога Мицкоски давал отчет за сработеното низ општините.


-Токму во моментите кога лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски даваше отчет за сработеното во првите сто дена снема струја во објектот на Македонска Филхармонија.Мицкоски продолжи со отчетот и во услови на немање на струја со својот говор.Власта на СДСМ ДУИ дoлжи одговори и одговорност зошто снема струја?Бараме одговорност, затоа што никој не смее да ја замолчува демократија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Со реакција против ВМРО-ДПМНЕ излезе СДСМ. Велат дека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ не започнале ниеден проект и обвинуваат дека градоначалниците ја полнат администрацијата со партиски вработувања.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека за 100 дена градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ реализирале 1090 проекти, 166 капитални објекти, 33 градинки, 68 училишта, 206 улици како и улици кои се во изградба, 111 водоводни и канализациони мрежи, 96 детски катчиња и парков и како и дека се исчистени 200 депонии.