Снепчет со најголем раст во споредба со последниве неколку години

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Бројот на дневни активни корисници на Снепчет се зголеми на 293 милиони, што е зголемување за 23 отсто во однос на истиот период лани. Ова е всушност најголемиот раст изминативе неколку години.

Растот на Снепчет го надмина и Твитер, кој бележи 206 милиони активни корисници дневно во второто тримесечје. Вкупните приходи на компанијата се зголемиле за 116 отсто, на 982 милиона американски долари, што е најдобар резултат досега. Растот е побрз и во споредба со Фејсбук.

Сѐ побарана е функцијата „Спотлајт“ слична на „Тик-ток“, која им плаќа на корисниците за нивните видеоклипови. Бројот дневни активни корисници на „Спотлајт“ е поголем за 49 насто, а просечната количина на дневно објавена содржина е над трипати поголема. Растот главно им се припишува на самоизолациите и карантините воведени поради пандемијата на коронавирусот, но и на подобрените функции на Андроид