Камерите на вселенската сонда Касини снимија во гроплан еден од гејзерите на месечината на Сатрун, Енцелад. Американската вселенска агенција (НАСА) објави фотографии од малиот леден природен сателит на Сатрун. Сондата зумирала низ водената пареа и честчките мраз кои избиваат од потповршинскиот океан Енцелад.
Американско-европската сонда Касини била на оддалеченост од 45 километри од јужната поларна област на месечината, движејќи се со брзина од приближно 30.500 километри на час.
Мерењата на гејзерот се уште пристигнуваат од Касини, која орбитира околу Сатрун и потребни се две недели да се анализираат податоците. Научниците веруваат дека под заледената површина на Енцелад се наоѓа глобален океан со течна вода.