Снимка на која мачка ниша бебе стана хит на интернет

НАЈНОВИ ВЕСТИ

НА ЕДЕН Твитер профил посветен на мачките, се појави видео кое ќе ви го разубави денот.

На видеото се гледа како мачка дадилка лежи под лулашката на бебето и работи да го направи бебето да се лула.

Бебето одлично се забавувало, но судејќи по изразот на лицето на мачката – таа сепак не се забавувала толку многу.

Видеото доби речиси 100 илјади лајкови, а сите што го видоа видеото напишаа дека се воодушевени и дека глетката е неверојатна. Ако мачето беше љубоморно на новороденчето, сега конечно прифати дека во куќата има поважно бебе од неа.