Снимка од експлозија на мини-подморница

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Како би изгледала ексползија на подморница под вода.

Гевин, член на The Slow Mo Guys, разнесе мини-подморница во неговата лабораторија и сними неверојатни 28.500 фотографии во секунда, пренесува веб-страницата Mashable.

Најмалите детали од сите фази на експлозијата може да се видат во видео клипот: ударниот бран, кршењето на зглобовите, гасот што се акумулира пред да се испушти.

Моќни рефлектори, камери и камери со висока чувствителност се само дел од опремата што ја користи Гавин.

За експериментот, тој конструирал минијатурен модел на подморница која ја потопил во вода во сад со проѕирни стаклени sидови.