Со реакција за пописот се јавија и од Алијанса за Албанците.
Халил Снопче истакна дека останале непопишани голем број на граѓани.
„На 30 септемви Заводот за Статистика објави дека пописот е завршен и во земјата се попишани 1.832.696 граѓани. Во странство се попишани само 204.805 граѓани. Според оваа на пописот одржан во 2021 година во Република Северна Македонија живеат 1.832696 резидентни граѓани и 204.805 нерезидентни односно кои живеат во други држави во светот. Сега може да заклучиме дека вкупниот број на жители на нашата држава (резидентни и нерезидентни) изнесува 2.037.501. жители или споредбено со пописот од 2002 зголемувањето е само за 14.954 жители, или 31.307 помалку од тоа што кажуваше заводот за статистика на крајот на минатата година. Со оглед дека со пописот беа опфатени и семејствата и становите, сега веќе се знае дека се попишани 568.175 домаќинства и 837.255 станови од што се констатира дека во државата имаме 269.080 повеќе станови од домаќинства. Тоа значи дека 41.09 % на семејствата на нашата земја поседуваат повеќе од еден стан“, вели Снопче.