Американскиот рапер, продуцент и актер Снуп Дог (52) го носеше олимпискиот факел низ Париз пред отворањето на Олимписките игри, кое е закажано за 20 часот. Снуп Дог беше меѓу последните носители на олимпискиот факел, носејќи го низ улиците на Сен Дени.
Тоа е предградие на Париз каде што се наоѓаат Олимпискиот стадион и Водниот центар. Олимпискиот факел два месеци патуваше низ Франција, а во петокот наутро помина низ Олимпиското село, кое се наоѓа меѓу Сен Дени и соседниот Сен Уен.
Музичарот, чие вистинско име е Калвин Бродус Џуниор. е икона на американскиот хип-хоп и еден од најпопуларните изведувачи во тој жанр, во кој се занимава повеќе од 30 години. Активен е и надвор од музичкиот свет. Американската мрежа NBC го ангажираше како кокоментатор на Олимписките игри.
