Со 62 гласа „За“ донесен Законот за попис

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Подготвени сме за разговори за експертска влада, но да ја предводи заеднички прифатлива натпартиска личност

ВМРО-ДПМНЕ е подготвено да разговара за експертска Влада фоколку ја предводи човек којшто би бил заеднички прифатлив, натпартиска личност...

Кривична пријава за бесправно градење во Трпејца

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.Л.(76) од охридското село Трпејца, поради постоење основи на сомнение дека е сторител...

Занзибар воведе забрана за голотија на јавните места, казни до 2 000 долари

На остворот Занзибар, на сила стапи забраната за шетање на голи на јавните места, а властите велат дека за...

МВР приведе криминалец баран од германската полиција

На 05.03.2021 во 13,00 часот на Граничен премин „Јажинце“ од полициски службеници бил лишен од слобода Д.М.(30) од Германија...

Африм Гаши за предлогот на Заев: Ова не е нова идеја

Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши за ТВ21 го коментираше предлогот на премиерот Зоран Заев за разговори со опозицијата да...

Државата ќе спроведе попис по цели 19 години од последниот успешен попис реализиран во 2002 година.

Собранието денeска во рамки на продолжението на 29. седница со 62 гласа „за“, без „воздржани“ и без „против“ го донесе Законот за попис на населението, домаќинства и становите во Република Северна Македонија во 2021. За пописот гласаа „за“ и 29 пратеници припадници од помалите етнички заедници.

За Законот гласаа пратениците од владејачкото мнозинство СДСМ, ДУИ и Беса, и опозициската Алијанса на Албанците и Алтернатива. Опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ не учествуваше во гласањето.

Расправата за Предлог законот во Собранието, со којшто ќе се овозможи во државава да се спроведе попис по 19 години, заврши на 15 јануари.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ не учествуваше во гласање, а координаторот на пратеничката група Никола Мицевски во процедурални забелешки повторно го изнесе ставот на партијата особено по, како што кажа, изјавите за проценти, по што оцени дека пописот нема да биде објективен и фер, нема да биде релевантен и реален.

-Последниве денови се лицитира со проценти и признавање и односно непризнавање на резултатите од пописот, што ми дава за право да констатирам дека нашите забелешки се оправдани и дека повеќето забелешки меѓу кои и врзаниот потпис на директорот и заменикот има некаква улога во ова законско решение и дека пописот од статистика преминува во политичка операција. Затоа од име на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ констатираме дека ваквото предложено законско решение нема да биде објективно и фер. Пописот нема да биде релевантен и реален попис, рече Мицевски.

Ефектите од ваквото законско решение ќе се видат скоро, според Мицевски, а одговорноста ќе биде на владејачкото мнозинство затоа што ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата нема да учествува во гласање на вакво законско решение.

Претседателот на Собранието Џафери возврати дека во однос на врзаниот потпис, тој, како што рече, „е измислица од Пржино“.

-Врзан потпис е производ и измислица на Пржино надвор од институциите и за што уште тогаш укажував дека како резултат на Пржино ќе направиме излезно решение со формирање на Специјално обвинителство кое што ќе ни се крши од глава на сите нас и  свативме дека ни се крши од глава. Тоа беше мојот став тогаш знаете сите. Меѓутоа беше Пржинско и сега тоа е какко пракса поставено, рече Џафери.

Мицевски побара повторно процедурална забелешки да му одговори на Џафери дека врзаниот потпис бил воведен поради недоверба меѓу власта и опозоцијата, но претседателот на Собранието повика на гласање, а координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ доби право да зборува пред гласањето по Бадентер. Мицевски реагираше дека тоа не е Деловнички, и оти требало да зборува пред да започне гласањето.

-Зошто брзате знаете само вие. Не го почитувате Деловникот, рече Мицевски.

Претходно координаторот на пратеничката група на Алијанса на Албанците и Алтернатива Скендер Реџепи истакна дека Законот за попис ќе помине со гласовите на нивните пратеници, но жали што претседателите на партиите што ги обвинуваат нив како опозиција не се во салата да гласаат и тоа го покажува нивниот однос кон овој важен закон. Реџепи рече дека сепак, ова ќе биде политички процес и дека нивните амандмани со што би се отстранила недовербата во процесот не се прифатени. Според него, правата на Албанците ќе зависат од податоците собрани на пописот.

Реџепи, рече дека претседателот на Собранието Талат Џафери кажал дека АА и Алтернатива како опозиција го спречува гласањето за Законот за попис, на што спикерот рече дека тоа никогаш не го кажал.

–Јавно кажав дека албанската опозиција ќе го поддржи Законот и ќе го гласа. Ова е фактичката состојба, рече Џафери.

По барање на координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, искажано пред гласањето по Бадентер, претседателот на Собранието Талат Џафери даде пауза од еден час.

Податоците добиени од пописот на населението, домаќинства и становите во Република Северна Македонија во 2021 ќе се користат за креирање на развојни политики, макроекономски планирања, научни и други истражувања и статистички цели. Индивидуалните податоци од Пописот може да се користат за воспоставување, водење и ажурирање на статистичките регистри кои се во надлежност на Државниот завод за статистика, согласно закон. Ќе се попишува и резидентното и нерезидентното население.

Личните податоци добиени со Пописот подлежат на заштита согласно одредбите од овој закон, Законот за државната статистика и прописите од областа на заштита на личните податоци.

Пописот ќе се спроведе во периодот од 1 до 21 април 2021 година, според состојбата на 31 март 2021 година, во 24:00 часот, што ќе се смета за критичен момент на пописот.

Со пописот ќе се приберат податоци за населението, домаќинствата и становите на територијата на Република Северна Македонија. При спроведувањето на Пописот ќе се врши попишување на терен и ќе се користат истовремено податоци од збирките на податоци на МВР од базата на државјани на Република Северна Македонија, од МИОА податоци вклучени во регистарот на населението на Република Северна Македонија, од МОН од податоците за запишаните ученици во основни и средни училишта во тековната учебна година, од МТСП од податоците за лицата корисници на права на социјални примања по сите категории, од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија од податоците за економската активност на лицата, од УЈП од податоци за лицата кои имаат примања и за кои се исплаќа персонален данок на доход, од ПИОМ-Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија од податоци за примателите на пензија по сите основи, од Управата за водење на матични книги, податоци од матичните книги за родените, умрените и венчаните лица, од Агенцијата за катастар на недвижности од податоци за недвижностите и нивните движења, како и од Државниот завод за статистика од податоци од статистичките истражувања за запишани студенти на додипломски студии (прв циклус) на факултетите и високите стручни школи во академската година, како и податоците од статистичките истражувања за виталните настани и од Статистичкиот деловен регистар.

Пописот ќе се спроведе со употреба на  пренослив компјутер, на посебна апликација, при што задолжително се применуваат технички и организациски мерки согласно прописите од областа на заштита на личните податоци.

Во земјава првиот попис е одржан во 1948 година. Спроведени се осум пописи, а последниот во 2002 година. Во 2011 година почна да се реализира ваква статистичка операција, но, таа беше прекината.