Домашните туристи денеска имаа можност бесплатно да научат нови историски факти од туристичките водичи.
Турата ја организираше Македонската асоцијација на туристички водичи, а разгледувањето почна од музејот „Мајка Тереза“, преку Плоштадот „Македонија“ за да заврши во Старата скопска чаршија. Ваквата активност беше организирана по повод Светскиот ден на туристичките водичи.
Граѓаните се собраа во една група и го слушаа водичот кој им ги објаснуваше локациите каде ќе одат. Покажуваа интерес за работи кои досега не ги знаеле за главниот град
Ако во некои сектори пандемијата влијаеше врз работата за 50%, кај водичите работата застана 100%, се пожали Кавраков.
Разгледувањето се одржа во три термини – 12, 13 и 14 часот, а водичите истакнаа дека тие се нарекуваат амбасадори на Македонија преку кои странските туристи се запознаваат со историјата на нашата земја, а потоа сознанијата за Македонија ги пренесуваат во нивните земји.
