Со хемофилтрација до негативен тест за Ковид 19

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Сеизмолошката опсерваторија со детали за земјотресот кај Маврово

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија...

Земјотрес вечерва во Македонија, епицентар кај Маврово – „Кратко, ама јако“

Земјотрес со јачина од 2,9 степени по рихтер вечерва во 22 часот и 43 минути е регистриран на територија...

Милевски не сака широка Влада: „Ако си се сакаат, нека си се земат – ЛДП на таква свадба нема да присуствува“

Лидерот на ЛДП, Горан Милевски се огласи по повод најавата за можна широка влада која ја најави Зоран Заев...

Вучиќ: Покрај вакцини, набавуваме и лек против коронавирус кој чини многу скапо

Александар Вучиќ, претседателот на Србија, денеска изјави дека земјата набавува и два лека кои помагаат од лечењето од коронавирус....

Камион полн со марихуана запленет на ГП „Богородица“

Полицијата вечерва на граничниот премин „Богородица“ заплени камион полн со марихуана, информираат од МВР за МИА. Сител пренесува дека биле...

Во саботата, во доцните ноќни часови беше примен пациент во итна состојба, во хеморагичен шок, заради руптура на абдоминална аневризма. Оваа состојба пациентите не ја преживуваат доколку  веднаш не се оперираат со што се решава крварењето со замена на абдоминалната аорта со васкуларна протеза.

Додека заврши операцијата, стигна и резултатот од земениот брис кој покажа дека пациентот е позитивен на КОВИД 19. Тој уште при приемот имаше знаци на температура и кашлица, па со ова се потврди и сомнежот.

Бидејќи од Министерството за здравство е дозволено пациентите со КОВИД 19 да се лекуваат во центрите одредени за тоа, се обидовме веднаш после операцијата да го префрлиме таму, бидејќи од хируршка страна беше згрижен (операцијата беше успешно направена), но не успеавме, со образложение дека капацитетите им се преполни и не го примаа пациентот.

Моравме да продолжиме со лекувањето и следниот ден го ставивме на континуирано испирање на крвта со специјален филтер, кој ги отстранува сите инфективни медијатори, кои се создаваат од било која инфекција во крвта.

Оваа метода ја работиме наназад 8 години и со огромното искуство, кое до сега го имаме со слични состојби од различни причинители, знаевме дека ова е единственото што може да му го направиме на овој пациент со надеж дека сме му помогнале, бидејќи со КОВИД-инфекција во ваква состојба немавме искуство.

Вообичаено оваа филтрација се одвива 48 часа континуирано, но кај овој пациент само после 12 часа филтерот комплетно се запуши. Тоа зборуваше за многу ослободени медијатори на инфекцијата и токсини, кои во тоа време циркулирале во крвта.

Пациентот после оваа филтрација на крвта многу добро се опоравуваше, па по два дена направивме повторен тест за КОВИД,  на кој беше негативен. И наредните 3 теста покажаа негативен резултат. Така да после само 6 денови лекување, пациентот во добра општа состојба и негативен на КОРОНА вирус го пуштаме дома.

Ова е само едно позитивно искуство.