Со ист мотив, два протести во еден ден – за граѓаните не е важно кој ги организира, ќе ги поддржат

НАЈНОВИ ВЕСТИ

“Работниците се државата“, под ова мото ССМ ќе протестира во понеделник против дискриминирачките политики на владата. Во сит ден протест најави и Конфедерацијата на слободните синдикати на Македонија со истиот мотив. Од друга страна, Конфедерацијата на синдикалните организации на Македонија ќе ги поддржи двата протеста.

Ристески истакна дека протестите на 1-ви Мај би требало да бидат заеднички, но бидејќи такво нешто не се случи, тие ќе бидат присутни и на двата протеста.

Анкетиравме неколку граѓани. Тие велат не најмалку е важно кој ги организира протестите.

Инаку од КССМ и ССМ велат дека првомајските протести се последица на неправдата и непочитувањето на работниците и нерамноправните услови за работа.