Оливер Спасовски рече дека за некој да понесе одговорност мора да има одговорност. Тој уште еднаш напомена дека МВР постапила согласно барањата.
„Јас кажав во однос на личната одговорност, не само моја, туку на било кој. Одговорност треба да се понесе поради тоа што имате одговорност, или затоа што сте превземале погрешно, или не сте превземале воопшто. МВР веднаш превзеде мерки“, рече Спасовски.
Министерот за внатрешни работи напомена дека со оставката нема да се решат проблемите.
„Сега на нас е да го најдеме. Поднесување на оставка нема да ги реши проблемите. Само ќе кажеме дека ќе дојде до триумф на криминалците. Напротив треба да има детална истрага, доколку има било кој придонел за било кој има одговорност, не да носи морална, туку кривична одговорност. Без разлика кој е, дали е некој во обвинителството“, рече Спасовски.
Министерот Спасовски додаде дека само една мерка му е изречена, а тоа е одземање на патната исрпава и да се јавува еднаш месечно во судот.
