Со пенкало и прст – партиите постојано рушат „режим“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во 2016-та на предвремените парламетарните избори, премиерот Заев прогласи победа и порача:

„Падна режим, падна режим! Нека разбере целиот свет Македонија испиша светска историја, падна режим со пенкало!“, истакна Зоран Заев.

После првиот круг од локалните избори од ВМРО -ДПМНЕ велат:

„Иако тој велеше дека со пенкало го срушил режимот, да ВМРО-ДПМНЕ не туку граѓаните со прст го срушија Зоран Заев“, посочи Наум Стоилковски.

Дали со пенкало или со прст, сепак и едните и другите зборуваат за режим. Па, се наметнува прашањето дали можеби народот е во заблуда дека живее во демократско општество?

„Не треба да се меша реториката на партиите со вистинската ситуација на терен. Фактот што едните тврдат дека срушиле влада или режим со пенкало, а другите со прст, говори дека делумна демократија постои инаку режим би требало да се руши со барикади. Не можете вие да се смените од тоталитарната ситуација во целосно демократка преку ноќ“, посочи Петар Арсовски.

Северна Македонија и покрај напредокот останува во групата на преодни или хибридни режими според извештајот на Фридом хаус од 28-ми април годинава и има постигнато напредок во демократското управување и изборниот процес.